ЗА НАС РАКОВОДСТВО АКТИВНОСТИ ЧЛЕНСТВО ИНФО КОНТАКТ
     
 

Работата на Здружение на Радиолошки Технолози на Македонија (ЗРТМ) и комората на Радиолошки Технолози (РТ) на Македонија кои што функционираат заедно се однесува на остварување и обезбедување на квалитетна и ефикасна стручна помош, едукација, деловни услуги, застапување на членовите на ЗРТМ и комората
пред извршната и локалната управа како партнер во донесувањето закони и прописи од областа на здравството, медицината , а посебно Радиологијата и Радиотерапијата.
ЗРТМ датира од 1967год. под името Здружение на рентген техничари, за подоцна во 1974год. се  преименува во Здружение на виши радиолошки техничари на РМ во состав на Југословенското здружение на виши радиолошки техничари .
По осамостојувањето на РМ дури 2002год. Здружението беше примено во Светската асоцијација на радиолошки технолози – ISSRT.
При приемот во светската организациа беа прифатени сите услови и барања за прием: промена на статутот, отварање на високи школи за радиолошки технолози, промена на називот на професијата, соработка со што повеќе здруженија од Европа и светот. Од членовите кои преговараа за приемот беше побарано  ISSRT да ги признае дипломите и сертификатите издадени во Македонија и ЗРТМ да биде примена под уставното име.
Потписник на тој договор беше тогаш генералниот секретар, а сега претседател на ЗРТМ. По приемот и со исполнувањето на условите на ISSRT се случи комплетна преобразба на ЗРТМ во позитивен контекст, што беше почувствувано од сите членови и не членови радиолошки технолози.
За активностите на ЗРТМ во наредното поглавјe

 
     

 

ЕФРС
ЗА НАС АКТИВНОСТИ ЧЛЕНСТВО ИНФО КОНТАКТ РАКОВОДСТВО